• сабота, 23 ноември 2024

Индиските спасувачи почнаа да копаат рачно за да стигнат до заробените работници во тунел во Индија

Индиските спасувачи почнаа да копаат рачно за да стигнат до заробените работници во тунел во Индија

Њу Делхи, 27 ноември 2023 (МИА) - Индиските спасувачи денеска почнаа рачно да копаат за да стигнат до 41 работник заробени по уривањето на тунелот.
Властите во Индија се надеваат дека тоа е последната фаза од спасувањето.

Работниците две недели се заробени во тунелот на северот од земјава, од 12 ноември, кога од лизгање на земјиштето дојде до уривање на дел од тунелот долг 4,5 километри што го градеа.

Надлежните велат дека се подготвени за секакви предизвици за време на ископувањето.

Досега спасувачите ископале околу 46 метри и вметнале цевки низ кои луѓето треба да излезат.

Од пречките на тој планински терен, машината за дупчење се расипуваше неколку пати. Тие работеа цела ноќ за да ја извадат од цевката за да може да започне рачното копање. ссм/

фото: архива

Остани поврзан