Илиевски: Има ли „Алказар енерџи“ одобрение за градба?
- Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од прес-конференција на потпретседателот на партијата, Методија Илиевски, што МИА го пренесува во целост.
3 август 2025
Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од прес-конференција на потпретседателот на партијата, Методија Илиевски, што МИА го пренесува во целост.
Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика.
Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција - фактите говорат нешто сосема поинаку.
Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади.
Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум.
Па прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого.
Нема ништо стратешко овде, освен ако измамата за граѓаните не е стратешки планирана.
Кој е вистинскиот бизнис интерес на Мицкоски? Дали тука се вклучени и контроверзни имиња од регионот, добро познати од трговијата со струја? Дали со нив соработувал тандемот Мицкоски – Божиновска?
Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани.
Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата.
Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач?
Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?
Слчајот Алказар Енерџи отвора и серија прашање за тоа дали има одобрение за градба на овој ветерен парк или не?
СДСМ бара јавно да се објави органот кој го издал одобрението за градба и кога истото станало правосилно ако воопшто го има.
Поради временската рамка и законските рокови отворени се сомнежите за нетранспарентност и можно кршење на законите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ