• недела, 28 јули 2024

Изјава на кандидатот за градоначалник на Тетово, Сади Беџети

Изјава на кандидатот за градоначалник на Тетово, Сади Беџети
Тетово, 17 октомври 2021 (МИА) – Сади Беџети, кандидат за градоначалник на Тетово од Демократската партија за Албанците (ДПА) денеска своето гласачко право на локалните избори го оствари на гласачко место 1928 во ОУ “Наим Фрашери“. -Гласавме и денеска е убав ден. Со тоа што ќе има двајца кандидати што ќе трчаат во втроито круг. Ќе биде многу важно да ги видиме резултатите, ви благодарам многу за на вас медиумите и на граѓаните што ме поддржаа. Очекуваме фер и демократски избори. Се надеваме дека ова ќе  бидат најдобри избори да сега, изјави Сади Беџети. ас/цр

Остани поврзан