• вторник, 23 јули 2024

Израелски медиуми: Граничната област Газа со Египет под контрола на Израел

Израелски медиуми: Граничната област Газа со Египет под контрола на Израел

Газа, 30 мај 2024 (МИА) - Според извештаите на израелските медиуми, израелската армија ја презела контролата врз целиот Појас Газа долж границата со Египет, јави ДПА.

Израелските војници се стационирани во поголемиот дел од областа позната како Коридор Филаделфија, област долга 14 километри долж границата со Египет и Појасот Газа, објавија неколку медиуми синоќа, повикувајќи се на армијата.

Извештаите наведуваат дека во областа има околу 20 тунели кои водат кон Египет. Меѓу другото, Хамас ги користел тунелите за шверц на оружје во Појасот Газа.

Се додава дека некои од тунелите се уништени. Наводно, на целиот тој простор има вкупно 82 тунели, јави ДПА.

На почетокот на мај израелските трупи почнаа да напредуваат во делови од градот Рафа на југот на Појасот Газа. Тие го окупираа единствениот граничен премин кон Египет на палестинска страна. Израелските напади врз Рафа беа жестоко критикувани од меѓународната заедница бидејќи градот е дом на стотици илјади внатрешно раселени палестински лица. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан