• сабота, 23 ноември 2024

Израелската армија соопшти дека наскоро ќе ги постигне сите цели на својата офанзива во Рафа

Израелската армија соопшти дека наскоро ќе ги постигне сите цели на својата офанзива во Рафа

Ерусалим, 18 јуни 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека наскоро ќе ги постигне сите цели на својата офанзива во градот Рафа во Појасот Газа.

Половина од борбените единици на палестинското исламистичко движење Хамас, кое владееше со Појасот Газа пред нападот на 7 октомври врз јужен Израел, се уништени, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Помеѓу 60 отсто и 70 проценти од територијата на градот во јужниот дел на палестинската енклава сега е под „оперативна контрола“ на ИДФ.

Израелската армија верува дека ќе бидат потребни уште неколку недели за да ја заврши својата воена операција во градот. Израелската офанзива во градот Рафа на границата со Египет започна на почетокот на мај. Израелските одбранбени сили изјавија дека целта им е да ги уништат последните борбени единици на „Хамас“, јави ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан