• сабота, 23 ноември 2024

Измените на Законот за здравствената заштита пред Законодавно-правната и Комисијата за здравство

Измените на Законот за здравствената заштита пред Законодавно-правната и Комисијата за здравство

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија. Пред двете комисии единствена точка на дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање.

Членовите на комисиите треба да разгледаат четири амандмани.

Седница ќе одржи и Комисијата за финансирање и буџет која треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. мч/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан