• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Измените на законите за домување и за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај поминаа на матичната Комисија

Измените на законите за домување и за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај поминаа на матичната Комисија

Скопје,16 јули 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, денеска ја одржа 39. седница на која беа поддржани предлог измените и дополнувањата на Законот за домување и на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, и двата во прво читање и беа пуштени на понатамошна собраниска постапка.

Како што беше посоечно на седницата Предлог измените на Законот за домување се поврзани со бројните проблеми за управување и одржување на заедничките делови од зградите.

Во документот од предлог измените се наведуваат како слабости на постојниот закон високиот процент на станбени згради кои и натаму немаат никаква форма на управување, честото незадоволство од испорачаните услуги на одржување и управување, наспроти незадоволство од навременоста и редовноста при наплатата на трошоците за одржување и управување, нетранспарентноста на финансиското работење во процесот на одржување и управување, со истовремена недореченост на даночните и сметководствените обврски.

Потоа беше посочено и нефункционирање на казнената политика предвидена со Законот, вклучувајќи неназначување на инспектори за домување во секоја од локалните самоуправи; неефикасност на процесот на присилна наплата за надоместокот за тековно одржување на зградите, главно заради ограничувањата од Законот за заштита на лични податоци; недоволно внимание посветено на безбедноста на станбените згради (руинирани фасади, небезбедни лифтови, запоставена ПП заштита и сл.), што, беше кажано, претставува опасност за сопствениците, но и за околината и др.

Во однос на предлог измените на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај на Комсиијата беше посочено дека имаат за цел да се изврши дорегулирање како и допрецизирање на одделни одредби од постојниот закон кои не се имплементирани и хармонизирани со ЕУ легислативата, а што ќе придонесе за нивна примена. свс/вг/

 

Фото: Принтсктин

Остани поврзан