Изложба „Не си одам дома“ на Клелија Живковиќ
- Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ вечер ќе биде отворена во Националната галерија „Мала станица“. Изложбата е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ) и содржи дела создадени во периодот од 2023 до 2024 година.
Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ вечер ќе биде отворена во Националната галерија „Мала станица“. Изложбата е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ) и содржи дела создадени во периодот од 2023 до 2024 година.
Клелија Живковиќ е родена во 1989 година. Таа е трансдисциплинарна уметница од Скопје, формално образована во неколку дизајн-дисциплини.
Во 2021 година студиото „Приватен принт“ ја издаде нејзината прва уметничка книга „Prototyping tenderness: a personal log of a dying world“, каде се одржа и нејзината прва самостојна изложба со истото име.
Таа ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија за нејзиното предлог-истражување „Дизајн за оживување“ во 2022 година, а во 2023 година ја доби наградата „ДЕНЕС“ за млади визуелни уметници. Има учествувано на неколку групни изложби во Северна Македонија и меѓународно, вклучувајќи го Биеналето за Западен Балкан во Јанина, „Под земја полесно се дише“ во Скопје, Биеналето на млади уметници и „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во Музејот на современата уметност - Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 14 декември 2024 година. мд/аа/
Фото: Мартина Пенева