• петок, 15 ноември 2024

Излезеноста на парламентарните избори до 11 часот 13,69 отсто, на претседателските 12,87 отсто

Излезеноста на парламентарните  избори до 11 часот 13,69 отсто, на претседателските 12,87 отсто

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Во вториот круг претседателски избори до 11 часот  согласно податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2 080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12, 87 отсто.Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.

-Може да се забележи дека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок, рече на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски. 

За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13, 69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто.

Споредено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезноста од 2,69 проценти на овие избори.

За парламентанрте избори излезеноста во Првата изборна единица е 15,75 отсто, 12,24 отсто во ИЕ 2, ИЕ 3 (16,79 отсто), ИЕ 4 (14,54 отсто), ИЕ 5  (14,1 отсто),  во ИЕ 6 (7,46 отсто).

До ДИК досега се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право. Како што информира Даштевски, од нив 50 приговори се усвоени, а на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас. Дополнително седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На прес - конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски во однос на претодно пријавените технички проблеми информира дека во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин, со уве лампа и спреј, во 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид, и 1100 во Куманово.свс/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан