• среда, 31 јули 2024

Изгаснат пожарот над пехчевското село Негрево

Изгаснат пожарот над пехчевското село Негрево

Пехчево, 30 јули 2024 (МИА) - Изгаснат е пожарот над пехчевското село село Негрево, каде вчера попладне гореше борова шума. 

Во гаснењето беа вклучени  Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово, месното локално население и вработените во ПШС „Равна Река" -Пехчево.

Учесниците во акцијата за гаснење на пожарот апелираа до сите граѓани од Малешевијата и околината, совесно да се однесуваат, бидејки при високи температури може да настане пожар од големи размери. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан