• четврток, 25 јули 2024

Изгаснат пожарот во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

Изгаснат пожарот во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

Техеран, 10 јули 2023 (МИА) – Изгаснат е пожарот што денеска избувна во индустриската зона на пристанишниот град Бандар Абас, јужен Иран, јавија иранските државни медиуми.

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека во инцидентот повредени се осум лица, како и оти не е позната причината за пожарот.

Од огнот беа зафатени три танкери со нафта, кои се во сопственост на компанијата „Афтаб оил рафининг“ (Aftab Oil Rafining). ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан