Во Лондон собир за поддршка на Украина
- Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со интонирање на украинската химна

Лондон, 2 март 2025 (МИА) – Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со интонирање на украинската химна.
Собирот се одржува кога европските лидери во Лондон разговараат за безбедноста на Украина.
Демонстрантите вееја украински знамиња и транспаренти – „Војната во Украина не е завршена! Собир за Украина. Свету, разбуди се!“, „Руското заробеништво убива“, „Капут Путин“.
Исто така е истакнат и неколку метри долг транспарент на кој пишува: „Кога ќе падне и последниот украински војник, Путин ќе дојде по вас, дами и господа!“. ми/
фото: ЕПА