• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ИДФ организира туристички тури на неодамна окупираната сириска територија

ИДФ организира туристички тури на неодамна окупираната сириска територија

Ерусалим, 11 април 2025 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) почна да организира планинарски тури за цивили на неодамна окупираната сириска територија за време на празникот Пасха, објавија локалните медиуми.

Турите, кои се одржуваат двапати на ден, ќе траат седум дена почнувајќи од оваа недела, а картите веќе се распродадени, објави Гардијан.

Предводени од воена придружба во блиндирани автобуси, мали групи посетители ќе патуваат до 2,5 километри во сириската територија што беше недостапна додека ИДФ не ја презеде тампон зоната на Голанската висорамнина по падот на сирискиот лидер Башар ал Асад во декември минатата година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан