• петок, 23 август 2024

ИДФ ги повика Палестинците од Деир ал-Балах да се евакуираат

ИДФ ги повика Палестинците од Деир ал-Балах да се евакуираат

Газа, 21 август 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска ги повика Палестинците, во мал дел од хуманитарната зона одредена од Израел во Деир ал Балах во центарот на Газа, да се евакуираат.

Портпаролот на арапските медиуми на ИДФ, Авичаи Адрае, објави мапа на зоните што треба да се евакуираат и рече дека армијата „ќе дејствува насилно“ против терористичките групи во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

„За ваша безбедност, ве повикуваме веднаш да се евакуирате на запад. Областа во која се наоѓате се смета за опасна борбена зона“, рече Андрае.

Хуманитарната зона моментално зафаќа околу 42 квадратни километри или 11 отсто од вкупната големина на Појасот Газа.

Според проценките на ИДФ, околу 1,9 милиони Палестинци од 2,3 милиони жители на Газа живеат во хуманитарната зона. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан