• сабота, 23 ноември 2024

Стано: ЕУ го поздравува секој чекор на Приштина за што повеќе косовски Срби да добијат возачки дозволи

Стано: ЕУ го поздравува секој чекор на Приштина за што повеќе косовски Срби да добијат возачки дозволи

Брисел,23 август 2024 (МИА) - Европската унија го поздравува секој чекор преземен од властите во Приштина со цел да им се овозможи на што е можно поголем број косовски Срби да ги користат возачките дозволи издадени од Косово, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Во изјава за N1, тој додаде дека апелираат до Косово да воведе други мерки кои ќе го олеснат преземањето на „косовските документи“.

-Го охрабруваме Косово да усвои дополнителни мерки кои ќе им овозможат на што е можно поголем број косовски Срби да добијат дополнителни косовски документи, особено косовската лична карта, која е потребна за да се добие косовска возачка дозвола, рече Стано.

В.Д. директорот на регионалната полиција за северот на Косово, Ветон Ељшани изјави дека до вчера косовските Срби поднеле над 6.300 барања за замена на возачките дозволи издадени од Србија за косовски возачки допзволи. Во изјава за РТК Елшани потенцираше дека рокот за замена на возачките дозволи истекува денеска во 16 часот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан