• петок, 26 јули 2024

Зидан: Колку е поголем клубот, толку е поголемо егото во соблекувалната

Зидан: Колку е поголем клубот, толку е поголемо егото во соблекувалната

Париз, 3 декември 2023 (МИА) - Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за работата во врвни клубови.

- Знаете како е, колку е поголем клубот, толку е поголемо егото во соблекувалната. И треба да се справите со тоа. Ми се допадна да го правам тоа затоа што имам оставено белег во фудбалот и момците го почитуваат тоа. Ако има хемија помеѓу вас и играчите, и ако им се допаѓа тоа што сакате да го пренесете, тогаш сè подобро. Секогаш ги тренирав момците со топка, тие не трчаа само по теренот. Да, трчањето е важно, но со топка. Им се допаѓа. Она што го правев како тренер е она што уживав да го правам како играч. Потребна ми е топка за да можам да правам нешто заедничко и да се забавувам, изјави поранешниот тренер на Реал Мадрид за „OneFootball“.

Зидан, како тренер на мадридскиот клуб, двапати го освои шпанското првенство, трикратен освојувач е на Лигата на шампионите, двократен освојувач на Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан