• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер ја погоди Јапонија

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер ја погоди Јапонија

Токио, 8 април 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди префектурата Мијазаки и други области во југозападниот дел на Јапонија.

Земјотресот е регистрирани во 10:25 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на источниот брег на полуостровот Охсуми на југозападниот главен остров Кјушу на длабочина од 39 километри, јавија јапонските медиуми.

Нема предупредување за опасност од цунами, а засега нема информации за жртви или материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан