Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во близина на грчките острови Закинтос и Кефалонија
- Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Грција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Атина, 21 јуни 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Грција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во Јонското Море, меѓу островите Закинтос и Кефалонија.
Како што се наведува, епицентарот бил на длабочина од десет километри. рп/
Фото: МИА архива