• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Украина постигна надмоќ во Црно Море со флотата поморски дронови

Зеленски: Украина постигна надмоќ во Црно Море со флотата поморски дронови

Киев, 16 ноември 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека благодарение на поморските дронови Украина го презеде Црно Море од Русија, принудувајќи ја да ги повлече своите воени бродови. 

„За првпат во светот во Црно Море почна да оперира флота од поморски дронови - украинска флота“, напиша Зеленски на Телеграм. 

„Успеавме да ја преземеме иницијативата од Русија за Црното Море“, додаде тој.

Зеленски напиша дека на почетокот на инвазијата врз Украина, од 24 февруари 2022 година, Москва ги блокира украинските пристаништа на Црно Море и ја оштети нејзината инфраструктура, што го наруши глобалниот пазар на храна. Но, тврди украинскиот претседател, оттогаш Украина постојано го менуваше односот на моќта во Црно Море. 

Притоа тој им се заблагодари на Турција, Бугарија, Романија и Молдавија, земји кои се на Црно Море или во негова близина, за нивната поддршка.

„Успеавме да покажеме дека соработката на земјите од црноморскиот регион, со поддршка на партнерите, може да ја врати стабилноста на светскиот пазар на храна“, кажа украинскиот претседател на средбата со претставници на земјите од регионот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан