• четврток, 26 декември 2024

Здружението на драмски уметници на Србија ги повика членовите на 15 минути тишина секоја вечер пред театарите

Здружението на драмски уметници на Србија ги повика членовите на 15 минути тишина секоја вечер пред театарите

Белград, 13 декември 2024 (МИА) - Здружението на драмски уметници на Србија ги повика своите членови да застанат пред своите театри секоја вечер - почнувајќи од денеска 13 декември - 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад . Потоа да има 15 минути молк и да се прочита повикот упатен синоќа до претставниците на културните институции и РТС, јави Бета.

Здружението ги повика сите претставници на културните институции јавно и безрезервно да ги поддржат студентските барања и блокади како форма на протест, но и апелираше до Радио телевизија на Србија (РТС) „вистински, непристрасно, целосно и навремено“ да ги информира граѓаните за тие теми.

„Тоа веќе го направија бројни поединци и театарски уметнички ансамбли и апелираме до раководителите на институциите да им се придружат на своите вработени и на оние кои работат и на тој начин да застанат во одбрана на нивната заштита“, се вели во соопштението.

Се потсетува дека студентите на Факултетот за драмски уметности се уште протестираат бидејќи „не се пронајдени и кривично гонети лицата кои физички ги нападнаа на 22 ноември за време на мирната комеморација на жртвите во Нови Сад, додека лицето чиј идентитет е откриен не е разрешено од функцијата член на Советот на градската општина Нов Белград“.

„Разбирајќи ја деликатноста на сечија позиција во театарот и ансамблите, а со цел да се избегне меѓусебно таргетирање и тензии меѓу колегите, апелираме до сите да го почитуваат правото на секој да го поддржи овој повик или не, и да се заштитиме од нечиј обид да не подели или да не подбуцнат едни против други“, велат од Здружението на драмски уметници.

Наведено е и дека ќе ги повикаат своите колеги да преземат дополнителни чекори доколку барањата не бидат исполнети до сабота, 21 декември. зш/

Остани поврзан