• среда, 25 декември 2024

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро
Скопје, 27 април 2022 (МИА) – За два сантиметра е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а за еден сантиметар на Охридското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското Езеро е ист со просечниот за април, додека нивото на Преспанското Езеро е за 1,7 метри пониско од просечното, но е на 18 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Нивоата, пак, на реките во земјава најчесто се малку под просекот или во рамки на просекот за април иако има и реки како што се Лепенец, на мерното место кај Скопје и Бабуна кај Богомила каде водостојот е повисок од просечниот. Особено повисок од просечниот е водостојот на реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде нивото е повисоко за 59 сантиметри од просечното за април. вј/дма/

Остани поврзан