За три денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство
- Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за 3,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
![За три денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство](https://mia.mk/index.php/images/20221113222502_big_730x400_13.webp )
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за 3,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на овој енергенс ќе биде 90,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.са/