Перински не ја исклучува можноста да се кандидира за градоначалник на Скопје
- Министерот за локална самоуправа Златко Перински не ја исклучува можноста на следните локални избори да се кандидира за градоначалник на Скопје. Во интервјуто за МИА, Перински вели дека доколку анкетите покажат дека тој е најсоодветниот предлог и доколку партијата во целост застапе позади него, со задоволство ќе ја прифати кандидатурата.
Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински не ја исклучува можноста на следните локални избори да се кандидира за градоначалник на Скопје. Во интервјуто за МИА, Перински вели дека доколку анкетите покажат дека тој е најсоодветниот предлог и доколку партијата во целост застане позади него, со задоволство ќе ја прифати кандидатурата.
Она што за него е важно е процесот да биде отворен, транспарентен и базиран на аналитички податоци. Доколку анкетите покажат дека друг е посоодветен, вели дека ќе му даде целосна поддршка.
- Не би сакал кандидатурата за градоналник да се претвори во битка на неколку кандидати. Би сакал да се осврнеме на резултатите што ги остваруваме. Никој нема право да го монополизира процесот, едноставно тој процес треба да биде отворен, транспарентен да биде базиран на аналитика, граѓаните преку анкети да кажат кој е најсоодветен кандидат за градоначалничкото столче. Доколку сум јас тој и доколку партијата во целост застане позади мене, да со задоволство ќе прифатам, но доколку партијата и анкетите кажат дека некој друг е посоодветен кандидат од мене, ќе ја има мојата целосна поддршка, вели Перински.
За проблемите во Град Скопје, вели дека се системски и дека не може да се решат со ад хок решенија.
Локалните избори треба да се одржат следната година. бак/ац/
Фото и видео: МИА