• среда, 25 декември 2024

За Османи нема непотизам во МНР, по обвинувањата за вработување на сопругата на пратеникот Костовски

За Османи нема непотизам во МНР, по обвинувањата за вработување на сопругата на пратеникот Костовски
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам при вработувањата во МНР, а во последниот случај според партијата станува збор за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, вели дека Министерството има недостиг од кадар. -Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24. Османи кажа дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание. Тој додава дека таа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки нема голем интерес за вработување во МНР. Османи вели дека во моментов има оглас за вработување на 16 нови луѓе. Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР, додека во меѓувреме од различни државни институции земала хонорари од 12 илјади евра, за што вреќе е покрената истрага. - МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10. За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок  ранг како член на службата на протокол во претходното Министерство. Османи додава дека треба да се праша и ВМРО-ДПМНЕ за хонорарите на Ејупи бидејќи нивни градоначалник ја ангажирал. нд/са/

Остани поврзан