• петок, 21 март 2025

Захарова: ЕУ има намера да ги прекине руско-американските преговори за Украина

Захарова: ЕУ има намера да ги прекине руско-американските преговори за Украина

Москва, 20 март 2025 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги прекине руско-американските преговори за Украина.

- Сето ова јасно ја покажува непроменливоста на курсот на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини земји-членки кон поткопување на руско-американските напори за градење дијалог за изнаоѓање начини за мирно решавање на украинскиот конфликт, рече Захарова на брифинг.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на состанокот и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение на украинската криза. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан