• понеделник, 23 декември 2024

Затворен последниот реактор во нуклеарната електрана Запорожје

Затворен последниот реактор во нуклеарната електрана Запорожје

Киев, 13 април 2024 (МИА) – Последниот реактор во нуклеарната електрана Запорожје е затворен. Сега сите реактори се во состојба на ладно гасење, а за време на постапката не е зголемена радиоактивноста, објави управата на Запорожје на Телеграм.

Во регионот на Запорожје сè уште се водат борби, а електраната неколку пати беше интензивно минирана и изложена на оган. Најголемата нуклеарна електрана во Европа, со капацитет од речиси шест гигавати, од февруари 2022 година е под контрола на Русија, а од септември истата е затворена поради опасноста да не предизвика нуклеарна несреќа.

Еден од блоковите неколку пати работеше во топла состојба, што значи дека реакторот не произведува струја, туку пареа што се користи за потребите на електраната. Ладната состојба се смета за најбезбедна бидејќи блоковите се спуштаат на низок притисок и се ладат со вода. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан