• сабота, 23 ноември 2024

Започна судењето на грчкиот актер и режисер Димитрис Лигнадис обвинет за четири силувања

Започна судењето на грчкиот актер и режисер Димитрис Лигнадис обвинет за четири силувања
Атина, 11 февруари 2022 (МИА) – За четири силувања, од кои три на малолетни лица, ќе одговара поранешниот уметнички директор на Националниот театар на Грција и познат актер и режисер Димитрис Лигнадис на судењето што започнува денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Лигнадис утрово, под силно полициско обезбедување беше пренесен во судот, а неговиот адвокат веројатно ќе побара прекинување на судењето бидејќи имал и други случаи кои ги застапува, за кои истекува предвидениот временски рок од 18 месеци. Актерот и режисер беше уапсен лани, на крајот од февруари 2021 година,  откако беше поднесена пријава за силување извршено пред десет години, а жртвата тврдеше дека тогаш бил на 14-годишна возраст и неколку пат бил силуван од Лигнадис. По апсењето му беше одредена мерка притвор, по што следеа и други сведоштва, а Лигнадис веќе една година е во затворот во градот Триполи. Се товари за пет силувања, едното дело, поради поминатиот дол временски период е избришано, останатите три се врз лица кои биле малолетни, а четвртото е врз возрасен маж. Откако името на Лигнадис лани започна да се споменува во повеќе наврати за случаи на силување, сексуално вознемирување, како и сексуално насилство врз малолетни деца, режисерот, две седмици пред апсењето си поднесе оставка од позицијата директорот на Националниот театар на Грција. ср/

Остани поврзан