Започна реконструкцијата на улицата покрај покриениот покриениот дел од каналот „Крушевска Република“
- Денеска започнаа работите на реконструкција на улицата ,,Крушевска Република’’ во Струмица покрај покриениот канал во должина од 583 метри.

Струмица, 10 април 2023 (МИА) - Денеска започнаа работите на реконструкција на улицата ,,Крушевска Република’’ во Струмица покрај покриениот канал во должина од 583 метри.
Со реконструкцијата се опфатени двете коловозни ленти на оваа улица на потегот од кружниот тек кај „ЕВН“ па се до „Момин бунар“.
-Се радувам на започнатите активности, бидејќи улицата „Крушевска република“ е една од најважните сообраќани артерии во Струмица, која го поврзува централното градско подрачје со периферијата во овој дел на градот, а води и до два значајни верски објекти. Денес се асфалтира левата страна од улицата, а во деновите кои следуваат ќе започнат слични активности и на други позиции во градот и населените места, изјави градоначалникот Костадин Костадинов.
Во првата фаза од работите се поставува прв слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри, по што ќе следува поставување и на втор слој од 4 сантиметри. Реконструкцијата ги опфаќа и тротоарите, како и изведба на ново атмосферско одводнување. рт/дма/
Фото: Општина Струмица