• понеделник, 18 ноември 2024

Законот за спречување на уништувањето на шумите и „создава главоболки“ на Еврокомисијата 

Законот за спречување на уништувањето на шумите и „создава главоболки“ на Еврокомисијата 

Брисел, 4 август 2024 (МИА) - Законот на ЕУ заштита на шумските предели предизвикува загриженост меѓу бизнис заедницата, земјоделците и невладините организации, особено по одлуката на Еврокомисијата за повторно одлагање на објавување на новите правила за спречување на уништувањето на шумите, само пет месеци пред стапувањето во сила на оваа законска регулатива. 

Се проценува дека одредите од Законот ќе влијаат врз производството на некои стоки, чија потрошувачка во ЕУ е доста висока, како што се какаото, кафето, сојата или палминото масло, но и врз одгледувањето говедата, што ќе има последици по увозниците, преработувачите, трговците на мало и земјоделците на глобално ниво. 

Особено се смета дека ова законско решение во голема мера ќе ги погоди малите земјоделци во земјите во развој, поради што Глобалната платформа за кафе (ГЦП) побара од ЕК да најде решение за „отворените прашања во спроведувањето на Законот“ најдоцна до октомври. 

Во писмо на ГЦП испратено до Еврокомисијата, кое е потпишано од организации кои ги претставуваат производителите на кафе ширум светот, од Европската федерација за кафе, како и од неколку големи компании, како „Нестле“ и „Старбакс“, се наведува дека при обидите за усогласување со одредбите од Законот, биле утврдени „критични прашања“, кои ја „загрозуваат способноста за исполнување на целите на регулативата, затоа што нивната имплементација би предизвикала несакани последици по малите земјоделци производители на кафе и помалите компании“. 

Во Кенија, во провинцијата Нанди, во Тиндирет, започна бербата на зрна кафе.

Со правилата од Законот, меѓу другото, се бара од компаниите да го следат патот на дистрибуцијата на стоките почнувајќи од самите фарми и да ги утврдат координатите на нивните геолокации, со цел да се докаже дека при земјоделското производство не била уништена шумска површина.  

Според ГЦП, ваквата обврска ќе претставува оптоварување не само увозниците и трговците во ЕУ, туку и за земјоделците, кои треба „брзо да се прилагодат на новите бирократски барања“. Затоа ГЦП бара од Комисијата да ги презентира потребните насоки, да обезбеди подобрена ИТ платформа за утврдување на координатите за геолокација и да објави критериуми за рангирање на земјите според ризикот од уништување на шумите, како и подготви упатства за заштита на податоците на земјоделците. 

Според раководителот на Секторот за кафе на Алијансата на дождовните шуми (РА), која е дел од ГЦП, Мигел Гамбоа, неговата организација „активно го поддржува“ Законот за спречување на уништувањето на шумите, но смета дека мора да се избегнат негативните влијанија врз земјоделците. 

- На многу мали земјоделци производители на кафе им е потребна поддршка за да се усогласат со барањата, локалните закони и практичните и техничките насоки за клучните еколошки пракси, посочи Гамбоа, додавајќи дека Алијансата за дождовните шуми не е за одлагање на стапувањето во сила на Законот. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „На

Наспроти ваквиот став на Алијансата, повеќе засегнати страни, европратеници и земји членки на ЕУ бараат одлагање на спроведувањето на Законот. 

Така, организацијата на европските трговци на мало ЕуроКомерц изрази „длабока загриженост“ поради Законот и побара одлагање на неговото стапување во сила за шест месеци, со цел да им се даде на компаниите подолг рок за прилагодување. 

- (Со законот) особено се погодени трговците на мало и на големо поради широкиот опсег на производи што ги продаваат, но исто така и илјадници директни добавувачи со десетици илјади вработени од кои повеќето се мали и средни претпријатија. Многу од прашањата што ги споделивме со Комисијата во текот на изминатата година, досега останаа неодговорени, се вели во соопштението на ЕуроКомерц. 

Здружението на земјоделците производители на какао од Нигерија (ЦФАН), исто така, побара одлагање на стапувањето во сила на регулативата, нагласувајќи го „непосредното негативно влијание“ од него врз егзистенцијата на земјоделците, кои се соочуваат со „недостиг на соодветни информации за Законот“. 

Во изборната програма на Европска народна партија (ЕПП) за јунските европски избори беше наведено ветување за одлагање на спроведувањето на овој Закон, со што не се согласуваат партиите од левицата, пред се Зелените. 

Европратеникот на групата на Зелените, Томас Вајц неодамна изјави дека тие би можеле да прифатат само „мало одлагање“ на спроведувањето на правилата од Законот, со цел да им се даде простор за прилагодување на националните администрации и бизниси. сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан