• недела, 01 септември 2024

Заврши тендерот за проширување на градинката во карбинското село Таринци

Заврши тендерот за проширување на градинката во карбинското село Таринци

Карбинци, 31 јануари 2024 (МИА) - Заврши тендерската постапка за избор на градежна фирма за доизградба, односно проширување на капацитетот на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денеска информираше дека се очекува до крајот на февруари и министерството за труд и социјална политика да ги потпише договорите со изведувачот, со цел да стартуваат градежните работи на терен. Инвестицијата е 16 милиони денари, а е на министерството за труд и социјална политика, со кофинансирање од Општина Карбинци.

-Се работи за проект, со којшто ќе добиеме доградба на постоечката детска градинка, со што практично ќе се дуплира капацитетот и добиваме можност за прием на уште 50 дечиња во оваа установа. Се работи за проект, кој ќе биде завршен во тековната година. Очекуваме овие активности да бидат завршени, со што ќе им понудиме на жителите на Општина Карбинци, за секој оној кој има потреба да го запише своето дете во градинка, вели Паунов.

Тој истакна дека во моментов детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци е со исполнет капацитет, а на листата на чекање имаат 30 деца, кои сакаат да се запишат во оваа градинка, наместо нивните родители да ги носат во детските градинки во соседната Општина Штип. вдј/ир

Фото: Општина Карбинци

Остани поврзан