• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски на глобален безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага

Пендаровски на глобален безбедносен форум

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествувал на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" што се одржува во Прага.

Пендаровски бил дел од панелот „Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествувале и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.

Поранешниот претседател зборувал за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцирал  дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцирал во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство.

Според него, војната во Украина наметнала поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија, изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот. сст/бак/

Остани поврзан