• петок, 08 ноември 2024

Заврши санација на дел од краци на улици во Куманово

Заврши санација на дел од краци на улици во Куманово

Куманово, 2 декември 2023 (МИА) - Заврши поставувањето на бекатон во улиците, дел од месната заедница „11 Ноември“ во близина на Итна помош Куманово, каде што улиците се потесни, соопштија денеска надлежните.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска, информираше дека завршува реконструкцијата на улицата „Крсте Мисирков“.

Општина Куманово одвои околу десет милиони денари за поставување на бекатон во Куманово.

Претходно заврши поставување на бекатон на крак од улицата „Ѓорче Петров“ во населбата „Перо Чичо“, каде што со децении немаше никаква инфраструктура и движењето беше отежнато и за пешаците поради врнежи како и за возила.

За поефикасно изведување на градежните работи поради големината на градот, избрани се две компании за источната и западната зона кои ќе поставуваат бекатон на краци од улиците од централно градско подрачје и во приградските населби. ам/аа/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан