Енергетска обнова на градинката „Сончоглед“ во Кисела Вода
- Во тек се градежните активности за енергетска обнова на градинката „Весели цветови“, објект „Сончоглед“ во општина Кисела Вода.
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Во тек се градежните активности за енергетска обнова на градинката „Весели цветови“, објект „Сончоглед“ во општина Кисела Вода.
Од Општината информираат дека се работи на замена на фасадата со нова, термоенергетска. Средствата за реализација на овој проект во висина од над 4 милиони денари се донација од Цементарница Усје АД Скопје, обезбедена преку Секторот за локален економски развој на Општина Кисела Вода.
Паралелно, во тек е и тендерската постапка за избор на изведувач за замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати во овој објект. Овие средства, како што се наведува, се добиени од Владата преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година. Се работи за износ во висина од 1. 781.552 денари.
Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улицата „Локов“ во населбата Кисела Вода. Изграден е во 1974 година. мд/лв/