Енергетската безбедност во фокусот на средбите на Мицотакис и Дендиас со специјалниот советник на САД за енергетика
- Енергетската безбедност и перспективите за грчко- американска енергетска соработка, биле во фокусот на средбите во Атина на специјалниот советник на САД за енергетски прашања Амос Хохштајн со

Атина, 29 јули 2022 (МИА) – Енергетската безбедност и перспективите за грчко- американска енергетска соработка, биле во фокусот на средбите во Атина на специјалниот советник на САД за енергетски прашања Амос Хохштајн со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчки владини извори брифираат дека Мицотакис и Хохштајн разговарале за прашањата за енергетската безбедност, иницијативите преземени од Грција да стане центар за трансфер на енергија на Балканот и остатокот од Европа, како и перспективите за соработка меѓу Грција и САД.
Хохштајн се сретна и со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој на „Твитер“ напиша дека на средбата присуствувал и неговиот заменик задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис, како и амбасадорот на САД во Грција Џорџ Цунис и постоела „конструктивна дискусија, а во фокусот биле прашањата за енергетската безбедносни и перспективтеи за енергетска соработка помеѓу Грција и САД“. ср/
