Енди Мареј се повлече од турнирот во Синсинати
- Британскиот тенисер Енди Мареј се повлече од турнирот во Синсинати, соопшти прес-службата на АТП-турнирот.

Синсинати, 15 август 2023 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј се повлече од турнирот во Синсинати, соопшти прес-службата на АТП-турнирот.
Триесет и шестгодишниот Британец во првото коло требаше да се сретне со Русинот Карен Хачанов.
Претходно од турнирот поради повреда се повлече и украинската тенисерка Елина Свитолина.
Во 2023 година, поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј освои три трофеи на Челинџер турнири.
Мастерсот во Синсинати (САД) трае до 20 август. зс/
Фото: ЕПА