Емотивен последен настап на Фил Колинс
- Веќе изнемоштениот музичар го мина целиот настап седејќи на столче. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и смешно - во еден миг тој се пошегува дека „по неговото музичко пензионирање ќе
Лондон, 28 март 2022 (МИА) - Британскиот поп-пејач и тапанар Фил Колинс (71) го одржа својот последен концерт во Лондон. Тој настапи со Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колеги од бендот „Џенезис“.
Веќе изнемоштениот музичар го мина целиот настап седејќи на столче. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и смешно - во еден миг тој се пошегува дека „по пензионирањето од музиката ќе мора да бара друга работа“.
https://youtu.be/yFQneukn3L4
Концертот се одржа во рамки на турнејата „The Last Domino?“, којашто се одржа по пауза од 14 години.
Групата „Џенезис“ е основана 1967 година, а светската слава ја стекна во 1970-тите. Но, Колинс имаше и завидна соло кариера во 80-те и 90-те години од минатиот век. Некои од неговите најпознати хитови се „In the Air Tonight“, „One More Night“ и „Another Day in Paradise“. си/гт/