• среда, 13 ноември 2024

ЕК чека предлози од приватни инвеститори за учество во обновата на Украина

ЕК чека предлози од приватни инвеститори за учество во обновата на Украина

Брисел, 13 ноември 2024 (МИА) - Европската комисија денеска објави дека очекува предлози од приватни инвеститори за учество во обновата на Украина до март следната година. Одобрените инвестициски проекти ќе бидат поддржани од фонд со буџет од 50 милијарди евра.

Се очекува проектите да бидат испратени до 1 март 2025 година, забележуваат од комисијата. Денеска и утре на состанокот во Варшава учествуваат повеќе од 5.000 приватни компании и организации, кои би сакале да го поддржат закрепнувањето на земјата нападната од Русија.

За опоравување на Украина потребни се буџетски средства и соработка со приватни организации, изјави во оваа прилика европскиот комесар за проширување и соседски прашања на ЕУ, Оливер Вархеи, цитиран во соопштението.

„Поттикнувањето на учеството на приватниот сектор ќе биде клучот за успехот“, додава Вархеи.

Од почетокот на рускиот воен напад врз Украина, ЕУ обезбедила речиси 122 милијарди евра финансиска, хуманитарна и воена помош за Киев, наведува ЕК. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан