• среда, 25 декември 2024

ЕК: Континентот се соочува со една од најтешките години на природни катастрофи

ЕК: Континентот се соочува со една од најтешките години на природни катастрофи
Брисел, 7 јули 2022 (МИА) - Со интензивирање на климатските промени, континентот се соочува со една од најтешките години на природни катастрофи како што се суши и шумски пожари, предупреди Европската комисија. - Статистиките покажуваат дека од 2017 година страдаме од најинтензивните шумски пожари што некогаш избувнале во Европа. И за жал, очекуваме дека овој тренд може да продолжи и во текот на годинешната сезона на пожари, изјави потпретседателот на ЕК, Марош Шефчович. Засега сушата продолжува во неколку земји како Грција и Италија, а минатиот месец топлотен бран ја зафати и северна Германија. Шефчович истакна дека Европската Унија веќе го финансирала испраќањето во Грција на над 200 пожарникари од различни земји, членки на блокот. Северниот дел на Апенините се соочува со најтешката суша во изминатите 70 години. На италијанските Алпи во неделата се откина голем дел од глечерот Мармолада, притоа загинаа деветмина туристи, а пет лица се водат како исчезнати. бд/зш/

Остани поврзан