• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕК изработи Стратегија за одговор на комплексните кризи и предизвици 

ЕК изработи Стратегија за одговор на комплексните кризи и предизвици 

Брисел, 27 март 2025 (МИА) - Европската комисија подготви Стратегија за подготвеност насочена кон поддршка на земјите членки и зајакнување на способноста на Европа во спречување и реакција на новите закани, со цел да се подобрат можностите на блокот „за соочување со се покомплексните кризи и предизвици кои не можат да се игнорираат“. 

- Од растечките геополитички тензии и конфликти, хибридните и кибер безбедносните закани, странските манипулации и дезинформации, до климатски промени и зголемени природни катастрофи, ЕУ треба да биде подготвена да ги заштити своите граѓани и клучните општествени функции, кои се клучни за демократијата и секојдневниот живот, соопшти Еврокомисијата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стратегијата вклучува 30-тина клучни активности и детален Акциски план за унапредување на целите на Европската Унија за зајакнување на нејзината подготвеност, како и за развивање на „култура на подготвеност“ во сите политики на ЕУ. 

Меѓу клучните цели наведени во стратегијата се почитување на минимални стандарди за подготвеност на институциите за пружање основните услуги, како што се болниците, училиштата, и транспортните и телекомуникациските компании во услови на криза, подобрување на капацитетите за складирањето на критична опрема и материјали и подобра климатската адаптација и достапноста до критичните природни ресурси, како што е водата. 

Натаму меѓу целите на Стратегијата е поголемата подготвеност на населението преку поттикнување на прифаќање практични мерки, како што е обезбедување на основните резерви за најмалку 72 часа при итни случаи, вклучување на обуката за подготвеност во училишните програми и воведување Ден на подготвеноста за ЕУ. 

Со стратегијата се предвидува и воспоставување на кризен центар на ниво на ЕУ за координација и интеграција на постоечките структури за реакција при кризи, спроведување редовни вежби за подготвеност ширум ЕУ со вклученост на вооружените сили, цивилната заштита, полицијата, безбедносните структури, здравствените работници и пожарникарите, како и поттикнување на инвестиции во проекти за двојна употреба. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва нареди 27 припадници на специјалистичката единица на Министерството за внатрешни работи да бидат испратени во Турција поради земјотресот.

Документот предвидува и изработка на сеопфатна проценка за ризикот од природни катастрофи или хибридни закани, зајакнување на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор во областа на подготвеноста, изработка на протоколи за работа на бизнисите при вонредни состојби и зајакнување на соработката со надворешните партнери на ЕУ, како НАТО, во делот на воената мобилност, безбедноста, Вселената, справувањето со последиците од климатските промени и со заканите од новите технологии и кибер заканите и одбранбената индустрија. 

- Генерално, преку преземање проактивен пристап кон подготвеноста, ЕУ има за цел да изгради поотпорен и побезбеден континент, подобро опремен да се соочи со предизвиците на 21-от век, порача Еврокомисијата. 

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, новата реалност во светот бара и ново ниво на подготвеност во Европа.  

- На нашите граѓани, на нашите земји членки и на нашите бизниси им се потребни вистинските алатки за да дејствуваат, да спречат кризи и да реагираат брзо кога ќе се случи катастрофа, оцени Фон дер Лајен. 

Таа додаде дека семејствата кои живеат во зоните на поплави „треба да знаат што да прават кога водите ќе надојдат“, а државите и доверливите партнери во соседството да можат „да спасуваат животи и средства за живот“. 

Високата претставник за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас оцени во услови кога Европа се соочува со зголемен број надворешни и безбедносни предизвици и зголемен број на хибридни закани, јасно е дека мора да биде посилна на сите фронтови и на секое ниво на општеството.

- Секогаш е подобро да се спречат кризите, отколку да се справуваме со нивните последици. Целта на нашата Стратегија е да изградиме сеопфатна слика за заканите со кои се соочуваме, да ги подготвиме граѓаните, вклучително и преку подобрување на нивната свесност за ризикот, зајакнување на цивилно-воената соработка и поблиска соработка со надворешните партнери, вклучително и со НАТО, изјави Калас, додавајќи дека подготвеноста е предизвик за целото општество, па затоа е потребен колективен одговор. 

Шумскиот пожар во Валенсија, што гори веќе петти ден, е вон контрола и за негово гаснење ангажирани се 35 канадери

Според извршната потпретседателка на ЕК за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Манзату, оваа Стратегија е наменета за луѓето и општествата, со цел да се овозможи се да функционира како што треба кога ќе настапи криза. 

- Ние сме подготвени да дејствуваме брзо и ефективно, а за тоа ни треба нов начин на размислување за подготвеноста, така што секој ќе знае што да прави во секој итен случај, без разлика на неговата природа, оцени Манзату. 

Таа наглаци дека ЕУ мора да биде поагилна и да соработува со своите земјите членки, со цел да ја зголеми ефикасноста, да заштеди време и да спаси животи.  

- Оваа Стратегија е наша „осигурителна полиса “. Ние сме подготвени да се грижиме за нашите луѓе кога им е најпотребно, додаде Манзату.  

Според еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб, подготвеноста мора да биде вткаена во структурата на европските општества и секој да има своја улога во неа.  

- Денешните закани се брзи, сложени и меѓусебно поврзани. Нашиот одговор мора да биде попроактивен, поинтегриран и покоординиран на европско ниво. Со искористување на енергијата на нашите институции, бизниси и граѓани, можеме да изградиме отпорност и да обезбедиме Европа да излегува посилна од кризите, заклучи Лабиб. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан