• среда, 27 ноември 2024

Експерти во ЕП ќе разговараат за дезинформациите на Балканот и за контрамерките

Експерти во ЕП ќе разговараат за дезинформациите на Балканот и за контрамерките

Брисел, 19 септември 2023 (МИА) - Ширењето дезинформации на Балканот и контрамерките ќе бидат тема на разговор меѓу експерти, што ќе се одржи денеска во Европскиот парламент во Брисел, јави БТА.

Учесниците ќе разговараат за патот на средствата за рекламирање од меѓународни компании до медиумите што шират дезинформации и тврдења за поддршка на руските интереси и против ЕУ.

Ќе се извлечат заклучоци како ЕУ, граѓанското општество и дотичните компании можат да ги пренасочат средствата во корист на независните медиуми и демократијата, се наведува во поканата за настанот.

Се очекува да се направат препораки за тоа како интернет пребарувачите треба да се справуваат со резултатите од пребарувањето кога податоците се дистрибуираат од страници со вообичаено погрешна содржина. паг/

Остани поврзан