• петок, 27 декември 2024

Едукативен настан за млади во рамки на проектот „Мојот антикорупциски дневник“

Едукативен настан за млади во рамки на проектот „Мојот антикорупциски дневник“

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Во  Јавното обвинителство денеска ќе се одржи настан во  рамки на проектот „Мојот антикорупциски дневник“ чија цел е младите да се зајакнат да ги препознаваат и да бидат отпорни на корупцијата во нивните заедници.

Настанот е дел од серија работилници кои се реализираат во склоп на проектот „Мојот антикорупциски дневник“, кој има цел да ги едуцира младите и да ги подготви за активна борба против корупцијата.

На работилницата ќе учествуваат и претставници од подмладоците од политичките партии во земјата, како и средношколци од четири средни училишта.

На настанот ќе се обратат заменик-шефот на мисијата на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, обвинителката за врски со Европравда, Ленче Ристоска, судијата Бетим Јахја и Мите Кузевски од Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа.

Проектот „Мојот антикорупциски дневник“ е поддржан од Амбасадата на САД и го спроведува Фондацијата ИДЕА, во соработка со алумните на Амбасадата на САД: Ленче Ристоска, Бетим Јахја и Мите Кузевски. Проектот вклучува три еднодневни работилници, на кои учесниците ќе го мерат почетното и стекнатото знаење за антикорупција и ќе развиваат вештини за препознавање и справување со корупцијата.

Покрај работилници, проектот ќе вклучува и водење онлајн антикорупциски дневник со кој учесниците ќе ги забележуваат антикорупциските активности што им се случуваат во секојдневието, без разлика дали лично ги доживеале или биле сведоци на такви дејства. Дополнително ќе бидат произведени шест видео приказни на оваа тема. хс/вг/

Фото: Види вака 

Остани поврзан