• понеделник, 23 декември 2024

Едно лица го загуби животот, друго тешко повредено во сообраќајна несреќа кај Охрид

Едно лица го загуби животот, друго тешко повредено во сообраќајна несреќа кај Охрид

Охрид, 13 ноември 2024 (МИА) - Едно лице го загуби жиботот, а друго е тешко повредено во сообрашајната несреќа што рано изутрнава се случи на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила во 1:15 часот, кога патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информираше дека возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишниот сопатник од Охрид бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Димоски истакна дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. аб/нд/

фото/МИА архива

Остани поврзан