Еден загинат во пожар во хотел кај Метеора
- Едно лице го загуби животот во пожарот што рано утрово избувна во хотел во грчкиот град Калабака кај Метеора, а неофицијално најмалку осуммина биле пренесени во болница со проблеми со дишењето, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 30 декември 2024 (МИА) – Едно лице го загуби животот во пожарот што рано утрово избувна во хотел во грчкиот град Калабака кај Метеора, а неофицијално најмалку осуммина биле пренесени во болница со проблеми со дишењето, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција интервенира со 26 пожарникари, осум возила и специјално возило со скала, а во тек е евакуација на околу 25 посетители на малиот хотел, додека според првичните информации во локалните медиуми, животот го загубил сопствениот.
Причините за пожарот, засега се непознати. ср/