• понеделник, 23 декември 2024

Египет домаќин на преговорите за прекин на огнот во Газа меѓу Фатах и ​​Хамас

Египет домаќин на преговорите за прекин на огнот во Газа меѓу Фатах и ​​Хамас

Каиро, 2 ноември 2024 (МИА) - Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, која цитираше висок египетски безбедносен извор.

Одлуката за организирање на консултациите за кои станува збор е дел од посредничките напори на Египет со учество на палестинската и израелската страна за постигнување договор за прекин на огнот и проширување на пристапот до хуманитарна помош.

Изворот, исто така, рече дека Хамас инсистира преговорите да доведат до сеопфатен договор што ќе обезбеди крај на војната, како и постигнување договор за размена на заложници за затвореници.

Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната може да заврши само откако ќе биде уништено движењето Хамас. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан