• понеделник, 18 ноември 2024

Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА

Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА

Брисел, 14 октомври 2024 (МИА) - Водечките европски лиги и синдикатот на професионални фудбалери Фифпро поднесоа случај против ФИФА во Европската комисија. Според нив, светската фудбалска централа врши „злоупотреба на власта“.

Европските лиги - организација која претставува 39 европски првенства, вклучувајќи ја англиската Премиер лига, италијанската Серија А и Бундеслигата - и 1.130 клубови од 33 земји, како и европскиот дел на Фифпро ја обвинија ФИФА за злоупотреба според европскиот закон за натпреварување во врска со меѓународниот календар. Кон тужбата се приклучи и шпанската Ла Лига, која не е членка на европските лиги.

Причина за протестот на организациите е зголемениот број на натпревари во календарот, а повод е новиот формат на Светското клупско првенство кое следното лето треба да се одржи во САД.

На посебна прес-конференција денеска дадоа повеќе информации. На неа присуствуваа претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас и претставници на другите две организации. На прес-конференцијата беа објавени изјави на некои водечки фудбалери со критики за зголемениот број на натпревари. Меѓу нив се најдоа Родри, кој неодамна заработи многу тешка повреда и нема да игра до крајот на сезоната, како и Килијан Мбапе, Кевин Де Бруин, Алисон и Жил Кунде. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан