• петок, 05 декември 2025

Евролигата со 20 екипи во новата сезона

Евролигата со 20 екипи во новата сезона

 

Берлин, 19 јуни 2025 (МИА) – Кошаркарската Евролига денеска го потврди списокот на клубови што ќе учествуваат во сезоната 2025/26.

Бројот на учесници се зголеми од 18 на 20, откако во Евролигата се вратија Валенсија и Хапоел Тел Авив.

Петгодишната лиценца му е доделена на Дубаи, кој за прв пат ќе игра во Евролигата.

Единствениот учесник од минатата сезона кој не е на списокот на клубови што ќе играат во Евролигата следната сезона е Алба од Берлин, која ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.

Клубовите кои следната сезона ќе учествуваат во Евролигата се: Партизан, Црвена звезда, Фенербахче, Панатинаикос, Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона, Монако, Виртус, Валенсија, Дубаи, Хапоел Тел Авив, Макаби Тел Авив, Асвел, Басконија, Баерн Минхен, Ефес, Жалгирис, Олимпија Милано и Париз.

Сезоната во Евролигата започнува на 30 септември. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан