• понеделник, 23 декември 2024

Еврокомесарите Валеан и Синкевичиус поднесоа оставки 

Еврокомесарите Валеан и Синкевичиус поднесоа оставки 

Брисел, 15 јули 2024 (МИА) – Еврокомесарката за транспорт Адина-Јоана Валеан и еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Виргиниус Синкевичиус ја информираа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека решиле да поднесат оставки со цел да можат да ги преземат функциите на европратеници кои ги освоија на јунските избори за членови на Европскиот парламент. 

Како што соопшти денеска Европската комисија, оставката на Валеан стапува во сила денеска, а на Синкевичиус утре. 

Со цел да се обезбеди континуитет на работата на Еврокомисијата, Фон дер Лајен времено им ги додели одговорностите за животна средина, океани и рибарство на извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и за институционални реформи Марош Шефчович, а ресорот за транспорт на еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра. 

Валеан беше избрана за европратеничка од листата на Националната либерална партија (ПЛН), членка на Европската народна партија (ЕПП), а Синкевичиус како кандидат на Сојузот на демокртаите „За Литванија“ (ДСВЛ), кој пак е дел од блокот на Зелените. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан