• понеделник, 19 август 2024

До среда променливо со повремен пороен дожд, од четврток сончево и потопло

До среда променливо со повремен пороен дожд, од четврток сончево и потопло

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Времето утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 21, а масималните дневни ќе достигнат до 38 степени.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан