• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

До половина час се чека утрово на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“

До половина час се чека утрово на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“

Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.

Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

-На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. 

Автомотосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан