Во Собранието настан за одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница
- По повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април во Собранието денеска ќе се одржи настан „Од невидливост кон еднаквост - одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април во Собранието денеска ќе се одржи настан „Од невидливост кон еднаквост - одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“.
Најавени се обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, заменик-шефицата на Мисија на ОБСЕ во Скопје, Сусан Пенкса, како и на Јаше Сефер, претставник на ромската заедница во Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието.
Претходно, краток историјат за Ромите ќе презентира ученичка од Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.
Предвидена е и панел-дискусија за одржлива инклузија и правен идентитет на Ромите, на која ќе говорат Игор Здравковски, пратеник и координатор на интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција, како и пратениците членови на оваа група, Арбана Пашоли и Амар Мециновиќ, Соња Мираковска, членка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и координатор на работната група за Законот за матичната евиденција, и Елвис Шаќири, извршен директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. лв/нд/
фото: МИА архива